Тијана ќе стане сопственичка на ресторан
Тијана Дапчевиќ ќе биде сопственичка на ресторан, и тоа во Мексико, во новата претстава „Један грам живота“, која музичарката и актерка ја подготвува во Белград во театарот „Звездара“.
„ Ја играм улогата на Марија, која е газдарица на кафеана со Мексико, нагалено ја викаат Живка. Таа им ги мрси конците на нејзините колеги и ги прави сите „перипетии“ во претставата. Подготовката на ова парче ми е навистина големо задоволство. Чест ми е што мои партнери во претставата се актери како Драган Петровиќ- Пеле и Бода Нинковиќ“, ни изјави Тијана.
Тијана со колегите Драган Петровиќ- Пеле и Бода Нинковиќ
Својот актерски талент, Тијана во Македонија најдобро го покажа во серијата „Преспав“ чија трета сезона се репризира на МТВ 1. Тијана ја обожаваат сите генерации во улогата на германката Ула.
Претставата „Један грам живота“ не е прво театарско искуство на Тијана. Таа претходно играше во две други хит-претстави во Белград, „Пукла брука“ и „А, где су кокошке“. Тијана е актуелна со песната „Презир“ која ја промовираше на 3 февруари, на нејзиниот роденден, а српската верзија на „Километри“ преработката на хитот на Влатко Лозаноски-Лозано стана регионален хит.
Тијана ни раскажа и дека е горда на својот син Вук, кој наполни десет години. „Мило ми е што се интересира за музика и за спорт. Свири клавир, игра кошарка и оди на плвиње“, додаде Дапчевиќ.
М.Џаровска