Тоа било љубов на прв поглед: Во '97- та на денешен ден се заколнале на вечна љубов - Мики и Светлана Црнократ слават годишнина од брак
Најпознатиот моден пар во нашата земја Светлана и Мики Црнокрак денеска слават 27 годинa брак. Тие се двојката која веќе со години успешно го води модното студио „Црнокрак“ .
На социјалните мрежи, се потсетија на нивната венчавка и објави јафотографија на која се тие двајца на денот на нивната свадба, споредувајќи како изгледаат денес.
Во една прилика, за Женски магазин, Мики и Светлана ја раскажаа нивната љубовна приказна.
„Се запознавме каде на друго место ако не на модна ревија и тоа во Битола, една ипол година пред нашата свадба, која се случи точно на овој ден, 11 октомври во 1997 година. Тој ден не беше сончев како овој. Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак“, раскажа Црнокрак додавајќи сека постарите биле во право.
Мики во една прилика раскажа дека тоа било љубов на прв поглед. Кога прв пат требало да ја земе Светлана со кола, и да одат во Битола, Мики вели „нозете ми се пресекоа“.
„По пат не ѝ правев муабет за да глумам фраер, ама во Битола се случи хемијата“, изјавиМики во една прилика.
Мики и Светлана ги имаат двете ќерки Моника и Нина.
Фото: Инстаграм