Тоа е најтешкото нешто што сум го доживеала! Драгана Мирковиќ откри со која песна е посебно поврзана, па си ја отвори душата

Тоа тешко го поднела

Во новото издание на емисијата „Амиџи шоу“ водителот и автор Огњен Амиџиќ беше домаќин на фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ.

Мирковиќ откри која е нејзината омилена песна од нејзиниот богат репертоар.

„Па, омилена како омилена, не можам да кажам дека постои, но песните што ме врзуваат, тоа е песната „Сама“, тоа е некоја пресвртница во мојот живот. Беше околу 2000 година, кога решив да прекинам се‘, да основам семејство, тоа ми беше најважниот момент во животот, па бескрајно сум врзана за таа песна. Не знам, кога ќе ја слушнам, веднаш ми се паѓа во главата како се одлучив за тоа, како заминав“, изјави Драгана, и откри за која песна и е жал што не е нејзина:


„Па, еве, на пример, „Јужна пруга“. Станува збор за машка песна, која ја пее Зоран Ванев. Ги сакам машките песни, нив ги барам кога се веселам, а таа песна е прекрасна “, истакна пејачката.


Фолк ѕвездата се осврна и на својот најтежок момент во животот за кој вели дека не и бил лесен.

„Најтешкиот момент во мојот живот беше кога Тони имаше опасна операција пред три години, тоа е апсолутно најтешкото нешто што сум го доживеала. Се друго, типични работи без разлика дали сте среќни во одреден момент или помалку среќни, во врските тоа никогаш не било ништо страшно. Сето тоа е дел од младоста и дел од тоа како се гради човекот, и како го прави тој пат до вистинската љубов кон себе“, заклучува Драгана Мирковиќ во емисијата „Амиџи шоу“.


Фото: Youtube/Screenshoot/TV Pink

Видео: Youtube

Еве како изгледаше Драгана Мирковиќ на својата свадба со Тони пред 20 години: Досега невидени фотографии