Toa што ќе го правиме наредните денови, ќе ни ја одреди 2020!

Добивај вести на Viber

Нумерологот Лили Сорум советува: „Следете го срцето, но делувајте промислено“. Таа тврди дека она што го правиме во декември, особено во последните десет дена, во голема мера ни одредува и каква ќе ни биде наредната годината.

Празниците се време за дружење, па опкружени сме со романтична енергија. Емоциите ќе ни бидат фокусирани и на семејството, па обидете се да поминете квалитено време и со некои подалечни роднини и луѓе кои одамна не сте ги виделе. Исто така, не заборавајте да си посветите внимание и на себе си.

На почетокот неколку прашања.. Ја заокруживме најкармичната година во милениумот, па си земаме оддишка за ретроспектива. Каква личност бевте во декември 2018 година? Што се промени? Дали пораснавте и созреавте? Дали сте среќни? Каква личност сакате да бидете во декември 2020?

Во декември го садиме семето на иднината

Опкружени сме со плодна енергија, затоа бидете внимателни: ако не планирате да растете, заштитете се. Одлуките кои ќе ги донесете до крајот на месецот ќе имаат силен и долгорочен ефект, затоа одберете мудро. Следете си го срцето и делувајте паметно. Ова е добитната комбинација.

Односите повторно доаѓаат до израз

Ќе приметите дека посакувате поголема блискост. Било какви прекини во комуникацијата ќе ги почувствувате многу повеќе од очекуваното. Ќе се чувствувате поосамено од вообичаеното. Важно е да разберете дека никој не може да ве направи среќен и дека се’ зависи само од вас. Нечие присуство само може да ви помогне да станете подобра личност.

Можни се навреди и емоционални манипулации

Последните денови од 2019 година е време кога се појавуваат емоционални вампири, вечни жртви и манипулатори. Тоа се случува од две причини: Овие луѓе учат да бидат позрели. Како? Така што со своите испади и уцени сакаат да го постигнат тоа што сме го зацртале. Другите сакаат да го добијат посакуваниот авторитет и многумина во наредната година ќе поработат токму на оваа вештина.