Тој беше единствениот со кој јавно разменуваше нежности и бакнежи: Се сеќавате ли на поранешното момче на Марија Шерифовиќ (ФОТО)
Пејачката Марија
Шерифовиќ која неодамна го доби синот Марио со помош на сурогат мајка, само
еднаш во животот се појави со момче во јавноста, а потоа, изјави дека сака
девојки.
Иако успешно го крие својот интимен живот далеку од очите на јавноста, за ова момче таа направи исклучок.
Во 2008 година беше толку среќно заљубена што на сите им ја призна љубовта со црногорскиот пејач Славко Калезиќ, а на интернет се појавија фотографии на кои страсно се бакнуваат.
Марија и Славко ја започнаа врската откако Марија победи на Евровизија во 2007 година. Пејачката двојка беше во среќна врска, но таа траеше само неколку месеци.
"Морам да се фокусирам на работата и не сакам никого да оптоварувам. Љубовта на далечина едноставно не траеше", изјави Марија по раскинувањето.
И Славко своевремено зборуваше за нивната љубовна врска:
"Суштината е следнава. На 21 година ми се случи таа приказна, многу одамна... Во тој момент сфатив по кој тек не сакам да се движи мојата кариера. Приватниот живот е моја работа, изјави одамна Славко.
По раскинувањето, за сексуалната ориентација на пејачката со години кружеа различни гласини, а додека многумина тврдеа дека ја привлекува истиот пол, таа упорно го негираше тоа.
Сепак, одлучи да ја признае вистината. Публиката беше воодушевена кога во својата автобиографија „Исповед“ храбро призна дека преферира да биде во врска со истиот пол.
Фото:instagram/screenshot