ТОНИ ЗЕН НАСТАПИ ВО „ИДРИЗОВО“: И затворениците се луѓе (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Хип-хоп музичарот Тони Зен имаше настап во КПУ „Идризово“, како дел од процесот на ресоцијализација на затворот.

„ И затворениците се луѓе. Само со поинаков избор во животот.  Имав многу ретка можност, да отидам кај "затворените" , "заборавените" и да настапам пред нив. Не можам да ви го опишам искуство, забележав дека на слобода има многу поголеми криминалци кои не водат во погрешна насока“, изјави познатиот рапер, кој му заблагодари на Александар Ковилоски на поканата. 

„ Музичкиот настан е дел од културно-забавниот живот во КПУ "Идризово" и од процесот на ресоцијализација. Реализиран е со цел да се олесни процесот на ресоцијализација на осудените лица, преку активности со кои може најквалитетно да се допре до нив“, напишаа „ХипХоп Македонија“ ,под видеото на нивниот јутјуб канал. 

На хитовите на Тони Зен се забавувале околу 70 осудени лица. Настанот го организираа „Хип Хоп Македонија“, заедно со здружението за помош на осудени лица и социјална адаптација, рехабилитација и реинтеграција на ранливи групи „Просоушал“ од Скопје, во соработка со КПУ "Идризово". 


Својот авантуристички дух, раперот го докажа и со учеството во балканското реално шоу „ВИП Преживеан“, кое заедно со познати личности од регионот го снимаше на Филипините во 2010 година и го освои второто место. Тони по враќањето од Филипините каде што остана неполни три месеци изјави: „Воопшто не се плашевме да спиеме надвор меѓу змиите и сте други животни и инсекти. По едно ваков искуство, сфаќаш дека најголемите ѕверови сме ние, луѓето“.

Во 2011 година, неколку месеци по завршувањето на шоуто, Тони Зен спектакуларно влета во салата Борис Трајковски на неговиот прв солистички концерт. Наместо од сцената, публиката ја поздрави од покривот. Заврзан со јажиња, а облечен во стилот на Кларк Кент, новинарот кој се претвора во супер јунакот од филмскиот хит "Супермен", Зен го започна концертот. (М.Џ.)