Торта во облик на срце за саканиот: Душко, партнерот на Ирена Спировска прослави роденден (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Саканиот на шармантната водителка Ирена Спировска вчера славеше роденден.

По тој повод, Ирена на Душко му честиташе роденден и на Инстаграм со фотографија на која двајцата позираат како холивудски пар.

„Среќен роденден“, напиша Ирена додавајќи емотикон срце.

Ирена сподели и фотографија од тортата, која е во облик на срце, а ни откри и дека е посна.


Ирена долго време е во среќна врска со Душко Исајловски. Со партнерот, како што истакна во една прилика за Женски магазин, ја врзува љубовта кон спортските активности.

-И двајцата го сакаме спортот и секогаш преферираме активен одмор исполнет со разни спортски активности, а не одмор кој ќе го поминеме во лежење на плажа“, рече Ирена.

„Се препознав себе си во него“, вака пак харизматичната Ирена

одговори во интервјуто кога ја прашавме што ја привлекло кај нејзиниот сакан Душко.


ФОТО: Инстаграм Ирена Спировска/ Приватна архива