Васко Тодоров, познат уште и како „Тошо Малерот“ од К-15, е вработен како еден од воспитувачите во младинските куќи на СОС Детско село.
Тој во сторијата на Канал 5 смета дека во социологијата, комедијата и грижата за некого имаат нешто заедничко, а тоа е разбирањето на однесувањето, мислите и чувствата на луѓето.
Вели дека иако оваа работа носи свои предизвици, тој целосно се пронаоѓа во неа. Младинската куќа ја чувствува како свој дом, а најголемо задоволство му претставува сведоштвото за тоа како младите прераснуваат во зрели луѓе со вистински вредности.
Повеќе на Фактор.мк