Три години без Дона Арес: Тажна исповед на нејзината мајка која ќе ве расплаче

- Последните шест месеци беше претежно дома и ги раскажа сите приказни, и мило ми е што ја отвори душата и си замина со чисто срце и душа и сфати кој ѝ е најдобар пријател - вели мајката на Дона

Денес, на 2-ри октомври, се одбележува третата годишнина од смртта на пејачката Азра Колаковиќ, попозната како Дона Арес, која го загуби животот на 41 година по долга и макотрпна борба со ракот.

Освен нејзината музика и другите таленти, таа беше позната и како симбол во борбата против злобната болест, па скоро секој ден, три години, пишуваше на социјалните мрежи за тешките, но и убави моменти за време на третманот со рак.

- Со ракот не се бори во тишина, барем јас не сум таков тип. Во тишина, запаѓаме во уште поголема тишина и полека се согласуваме на сè, вклучително и на предавањето. Не е во мој стил - напиша еднаш пејачката.

Дури и по три години од нејзината смрт, болката не стивнува, барем не кај нејзините најблиски луѓе, а особено деновите околу нејзината годишнина.

- Тоа се денови кога сеќавањата се враќаат и кога станувате свесни за некои работи. Денови на тишина во душата, кога си свој и не си свој. Мислам дека сите родители кои го доживеале ова живеат како двојни личности, во дел од нив ја одржуваат таа болка, а другиот дел функционира нормално заради најблиските. И Дона ми остави аманет дека морам да бидам силна како што беше таа во нејзината борба - рече мајката на Дона за „Курир“.

Која била најголемата желба на покојната Дона - нејзините најблиски да останат силни и по нејзиното заминување, а нејзината мајка Ајла открива дека успеала да ѝ ја исполни последната желба на својата ќерка.

- Успевам, јас сум силна жена пред другите, и ја чувам тагата за себе и имам денови кога плачам, иако еден дел од мене секогаш плаче и така ќе биде додека живеам - рече таа.

Последните денови од животот, Дона ги помина дома со својата мајка, на која некако ѝ призна и раскажа се што и падна на ум.

- Им порачувам на сите деца: Вашите најдобри пријатели се вашите родители, а особено вашата мајка, дури и ако некогаш сте мислеле дека не се во право - откри Ајла.