Трик за најбрзо лупење печени пиперки: Лушпата паѓа за секунда!
Постои одличен трик за полесно лупење пиперки за ајвар. Ако сакате да ги излупите пиперките што ги печете, ставете ги во вреќа и врзете ги така да бидат задушени.
Оставете ги да отстојат некое време, лушпите ќе се одвојуваат сами и целата постапка ќе ви оди побрзо.
Ви носиме и рецепт за печен ајвар од пиперка, без конзерванси.
Состојки: 15 кг пиперка, 5 кг модар патлиџан, 800 мл масло, 4 лажици сол, 2 лажици шеќер, 2 лажици есенција (прилагодете ја количината според вашите сопствени потреби).
Подготовка: Измијте ги пиперките и модар патлиџан, и печете. Потоа исчистете ги од лупка, стебленца и семиња и смелете.
Истурете 800 мл масло во шерпата, загрејте и додадете ги пиперките и модар патлиџан. Додадете сол, шеќер и есенција. Гответе, мешајќи постојано.
Тополиот ајвар ставајте го во жешки стерилизирани тегли, добро затворете и вратете во рерна 90 минути на 90 степени. Оставете ги теглите да ја поминат ноќта во рерната.