Твојата измачена душа ги неутрализирше сите мои удари: Панчо емотивен за мајка си

Добивај вести на Viber

Панчо од дуото ДНК, во многу наврати досега ѝ посветува пораки и песни на својата почината мајка Каќуша.

Овојпат напиша емотивно писмо, по повод шест години од смртта на мајка си: 

„Ме убедуваа дека времето лечело се. Еве поминаа 6 години, а ти се повеќе ми недостигаш.

Замина, а со тебе замина и голем дел од мене. Не е исто и никогаш нема да биде. Јас бев дел од тебе, а ти од мене.
Болат празниците, сите родендени и слави. Сите собиранки каде што сите се тука освен ти. Секогаш има едно вишок столче на кое се уште се надевам дека ќе се појавиш од негде бидејќи секогаш каснеше па си велам нормално е да дојдеш.
Не боли толку твоето отсуство колку фактот што неуспеав да ти се оддолжам барем 20% од она што го стори за мене мајко.
Ти си моја вечна муза, инспирација но и најголем пораз .
Си ветивме пред да заминеш дека секогаш ќе бидеме ТИМ и така ќе остане додека повторно не се сретнеме таму горе некаде каде што ќе ми даваш спокој како и секогаш со твојот смирен и полн љубов поглед. Тие твои убави плави очи зборуваа додека ти молкум ме смируваше и влеваше надеж за се.
Таа твоја измачена душа и срце ги неутрализираа сите мои удари. Се уште се прашувам што човек ќе беше што жена. Да не беше ти никогаш немаше да дознаам дека мајчиното срце е создадено од челик и дека мајчинството е посилно од секое зло и закана. Да ти кажам дека те сакам нема потреба тоа го знаеш, но дали знаеш дека нема збор за да го напишам колку е тоа многу мајко
Одмаарај горе, заслужено ти е!!
Ти благодарам за се
Вечно твој Буби “


Тој во многу наврати ја споменува својата мајка, и колку му недостига, а и ја посвети и една од песните на новиот албум.

-Срце болно, а толку ГОЛЕМО и полно со ЉУБОВ за да ги прифати и скроти сите- вака зборуваше Панчо за својата мајка.