Убавата арапска принцеза им пркоси на сите правила: Зад себе има 2 брака, образована е и храбра, а поради едно нешто светот ѝ се воодушевува

Саудиската принцеза Амира ал - Тавил е образована, убава, храбра, зад себе има два брака и не им робува на правилата кои владеат во државата во која е родена.

Оваа убава жена се школувала на Запад, вози автомобил, што не е вообичаено за жените во тој дел од светот. Многумина се изненадија кога се разведе од 32 години постариот принц, па неодамна се омажи за млад милијардер. Таа не е роб на правилата на својата земја и животот го живее онака како што сака, поради што многумина ѝ се восхитуваат.

Принцезата Амира (38) се занимава со хуманитарна работа во Саудиска Арабија, но и ширум светот. Има посетено над 70 светски земји како потпретседателка на фондација Ал - Валид бин Талал, која ја води нејзиниот поранешен сопруг, принцот Алвалид Бин Талал.

За него се омажила на 29 април 2011 година, а се запознале кога таа како 18 - годишна девојка правела интервју за училишниот весник. Тој бил 32 години постар од неа. Се проценува дека неговото богатство вреди повеќе од 30 милијарди долари.

Се зборуваше дека Амира била во врска со еден згоден Британец на нејзини години и дека му родила вонбрачно дете, но за тие наводи не се знае доволно.

Во 2013 година, Амира се развела од принцот Алвалид бин Талал по две години брак и пропратно испратила порака до сите млади жени да се водат по срцето и да земат пример од неа доколку не се задоволни во бракот.

Инаку и мајката на Амира своевремено се развела од сопругот, па Амира растела со неа и баба ѝ во Ријад.


Принцезата во САД дипломирала деловна администрација на Универзитетот Њу Хевн, а денес пред сѐ е позната како светски филантроп. Нејзината цел е да го подобри имиџот на саудиските жени во светот.

Пред две години Амира имаше бајковита венчавка во Кан на Азурниот брег. Тогаш се омажи за Калиф Ал Мухаири, кој е седми најбоагат бизнисмен во Обединетите емирати.


фото: SHUTTERSTOCK

извор: wanted.modno.rs