Украинска снајперистка позната како „Јованка Орлеанка“ се омажи за војник на борбениот фронт: Сфативме дека секој ден може да биде последен

На фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи, Евгенија носеше долга бела венчаница, а нејзиниот сопруг се одлучи за војничка униформа.

Украинската снајперистка Евгенија Емералд, попозната како украинската Јованка Орлеанка, се омажи за војник кој го запозна на почетокот на руската инвазија, пренесува Odessa Journal.

Евгенија и нејзиниот партнер Евгениј Стипањук се венчаа во петокот во близина на фронтот во шума во близина на Харков. Датумот на венчавката за нив имаше посебно значење - петок беше Денот на ветераните, државен празник во чест на ветераните и загинатите припадници на вооружените сили на Украина и роденден на Стипањук.

Церемонијата ја водеше воен генерал.

View this post on Instagram

A post shared by (@emerald.evgeniya)


Двојката се заљубила веднаш по почетокот на инвазијата во Украина, а се вериле во август.

– Сфативме дека секој ден може да биде последен и не сакаме да го одложуваме животот за подоцна – напиша Емералд на Инстаграм. На фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи, Евгенија носеше долга бела венчаница, а нејзиниот сопруг се одлучи за војничка униформа. Наместо цвеќе, невестата во рацете држела класови од пченица.

View this post on Instagram

A post shared by (@emerald.evgeniya)

Таа сподели фотографии од нејзиниот посебен ден на Инстаграм и напиша дека „не можела да замисли поидеална венчавка“.
- Денеска и официјално станав сопруга на војник. Тоа се случи на линијата на фронтот и генералот на вооружените сили на Украина ја предводеше церемонијата - напиша таа.

- Ова е посебен ден - има многу причини за славење. Сакам да им честитам на сите ветерани. Слава на хероите! И му честитам на мојот сакан, бидејќи денес му е роденден. Сега сигурно никогаш нема да го заборави датумот на нашата венчавка – додала таа.

View this post on Instagram

A post shared by Євгенія Емеральд (@emerald.evgeniya)


извор:24sata