Уморни сме од сѐ: Премногу даваме, а добиваме ништо

Понекогаш сите сакаме да се откажеме од сѐ, но тоа нема да биде решение на нашите проблеми. Прочитајте го овој текст кој ќе ви помогне да гледате на работите од поинаков агол

Светот во кој живееме премногу нѐ исцрпува. Уморни сме дури од тоа да живееме во него. Уморни сме од премногу сакање, премногу грижење, давање сѐ од себе, а за возврат не добиваме ништо. Уморни сме од неизвесност. Некогаш сме биле полни со енергија и подготвени да даваме повторно и повторно. Но, скршеното срце, неисполнетите ветувања, неипсполентите планови направиле да се спуштиме на земја.

Точно е да сме изморени. Секој од нас. Како поминуваат годините, луѓето сѐ повеќе се со скршени срца и барааат хармонија. Сакаме повеќе, но уморни сме да бараме. Не ни се допаѓа каде се наоѓаме, а премногу сме исплашени за да почнеме од почеток. Уморни сме од игрите кои ги играме, лагите кои ги кажуваме и несигурноста што си ја пружиме меѓу себе. Не сакаме да ставаме маска, но не сакаме да бидеме и наивни будали.

Позитивните идеали сега ни изгледаат глупави. Но, правиме уште еден обид, со последниот атом на сила. Ние го сакаме животот повеќе отколку што мислиме. Можеме да дадеме многу повеќе љубов, сила, надеж. Сакаме веднаш да имаме резултати и се разочаруваме ако тоа не е така. Треба да сфатиме дека секој од нас не може да биде инспириран секој ден. 

Сите се разочаруваме. Факт е дека ако немаме повеќе сили и сме уморни од животот, не значи дека стоиме во место. На секој човек на кој му се восхитуваме, барем еднаш почуствувал пораз во остварувањето на своите соништа. Но, тоа не го спречило да ги оствари своите цели. Не дозволувајте самите на себе да се откажете од реализација на големи планови.