Уште 100 пати, во 100 животи би го изиграла танцов со тебе: Со досега необјавени фотки од свадбата, Сара Мејс слави 5-годишнина од бракот со Димитар

Добивај вести на Viber

Пред два дена Сара Мејс и Димитар Атанасовски одбележаа пет години во брак.

Пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски, пред еден месец, по втор пат станаа родители, а малата Илина си доби братче - Кирил. Се запознале многу одамна, кога Димитар ѝ правел интервју за тогашната емисија „Тротоар“. А неколку години подоцна по првото нивно запознавање се сретнале повторно кога Димитар отишол на нејзин настап.

„Таа вечер дефинитивно имаше хемија во воздухот помеѓу нас двајца, па така Димитар не губеше многу време и веднаш ми побара број, а веќе наредното утро ми пиша“, ни раскажа неодамна пејачката и харфистка Сара и откри кога се случил првиот нивен состанок.

По првиот наш состанок, гледав во ѕид и уживав во пеперутките во стомакот: Љубовната приказна на Сара и Димитар Атанасовски

Сега за нивната петгодишнина од брак, Сара објави досега невидени фотки и видеа од нивната свадба и му посвети најубави зборови на сопругот:

- Уште 100 пати, во 100 животи би го изиграла танцов со тебе. И покрај тоа што ти е расипан термостатот и ја прати денес Илина со дебели тренерки во градинка. Сва среќа веќе имаме две деца, па барем второво е по кратки.
Се’ ти е простено (освен ако не пуштиш парно дома ко ќе си дојдеш).
Среќна 5ка сопруџе сакан, да ни се множат годините (и шегите) - напиша Сара покрај видеото од нивниот уникатен, прв свадбен танц.


100 пати да се родам, 100 пати ќе те најдам - напиша Сара на Инстаграм каде што сподели досега необјавени фотки.

Сара била прекрасна невеста, а според објавените фотки имале уникатна и забавна свадба.


Поврзани вести:

Поубав подарок не можел ни да замисли: Димитар Атанасовски прослави роденден-Сара уникатна во изненадувањата


Ист како мама Сара Мејс, или копија на тато Димитар: На кој личи малиот Кирил?


Од роденден на породување: Име со посебно значење за синот на Сара Мејс и Димитар (ФОТО)