Уште една позната актерка проговори за сексуалното насилство во Холивуд

Добивај вести на Viber

Џесика Алба е уште една актерка која одлучи да зборува за сексуална злоупотреба во Холивуд. Алба, која актерската кариера ја започна на само 13 години, во интервју за CNN раскажа дека доживеала некоја форма на сексуално насилство.

„Веројатно тоа не треба така да се прифати, но како млада актерка која расте во овој бизнис само прифаќаш дека ќе бидеш третирана како таква. И тоа не е нешто што го одобрувам, искрено ... Морав брзо да научам како да се извлечам од тоа, па не се случи ништо посериозно ", рече Алба, додавајќи:

„Беше непријатно, можете да замислите како изгледаше. Јас го правам тоа,откако имав 13 години. Замислете како било ... Мора да се обрне внимание на знаците кои предупредуваат на опасноста, слушајте го инстинктот што ви кажува дека нешто не е во ред", предупреди Алба, која рече дека беше крајно време да почне да се зборува за овој проблем и дека жените конечно прозборуваа.

Говорејќи за холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кого многу жени го обвинија за злоупотреба, а кој продуцираше и филм во кој глумеше Алба во 2005-та година, изјави дека никогаш не останала насамо со него.

„Сум била во различни ситуации, и затоа ми е многу важно да зборувам за се со своите ќерки, и да им дадам до знаење дека тие самите го контролираат нивното тело и може да ја контролираат ситуацијата во која тие сакаат да се најдат", вели Алба.

Таа има кариера долга две децении, и прв пат се појави во филмот „Camp Nowhere“. Тогаш Џејмс Камерон ја избира помеѓу 1.000 други кандидати. Стана позната по серијата „Dark Angel", и глумеше во хит филмовите „Sin City", „Into The Blue" и „Fantastic Four."