Уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам: Турунџиева емотивно за роденденот на ќерка ѝ

За роденденот на својата постара ќерка, Сузана Турунџиева сподели емотивен статус и фотографии низ годините.

Лора е поголемата ќерка на познатата пејачка, водителка и писателка. Таа пред две години се омажи со своето момче Филип Наунов, сега двајцата се горди родители на Јаков, за кој Турунџиева вели дека е единствениот маж кој ѝ го заробил срцето „Тој ме има „купено“ за цел живот. Неговата насмевка, прегратка, особено неговиот  мирис,  се најголемиот подарок за мене“, вели гордата баба.


„2ри март е првиот најсреќен ден во мојот живот... Денот кога ја добив Лора - мојата прва љубов.
Среќен роденден убавице моја... И уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам, напиша Сузана за роденденот на Лора.