Животна училница // Приказни
Успешен и на терен и дома: Тимур Дибиров полни 35 години!
Левото крило на РК Вардар, Тимур Дибиров денеска го прославува својот 35-ти роденден.
Тој е еден од клучните играчи во тимот на Вардарци, кој секогаш ја има поддршката од својата сопруга и колешка во Вардар. Станува збор за некогашната златна репрезентативка на Русија и сопруга на славниот ракометар Ирина Полторатскаја Дибирова, која е сегашен тренер на женскиот тим на Вардар.
Тимур и Ирина живеат во Скопје и се во среќен брак од кој ги имаат синот Мурад и ќерката Тиана.
Бестрашното лево крило на Вардарци е успешен и на ракометниот, но и на домашниот терен. Судејќи по фотките на неговиот Инстаграм профил, тој е супер татко и сопруг.
Среќен роденден, Дибиров!