Вдовица сум 21 година, имам право да се заљубам: Цеца искрено за нејзиното момче Богдан

Балканската фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе некое време ужива во емотивна врска со нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ.

Цеца не крие дека е заљубена, но ретко зборува за приватниот живот. Таа ја коментираше врската со Богдан, но откри и нешто повеќе заљубовниот живот на ќерка ѝ Анастасија.

- Смее Цеца да биде заљубена, зошто да не? Не сакам да го изложувам приватниот живот, тој ми припаѓа мене и не е за публицитет. Секој има право да сака, да избере партнер, но тоа не значи дека не треба да се симнувам од насловните страници. Јас сум вдовица 21 година и во тие две децении не го изложив мојот емотивен живот. Но, и другите луѓе им се случува љубов и се‘, зошто да не и мене? - рече Цеца.

На прашањето дали наскоро ќе се омажи нејзината ќерка Анастасија, таа имаше подготвено одговор:

- Што се однесува до мене, може! Јас и моите сестри добро се снаоѓаме во организирањето на прославите, но тоа е прашање за Анастасија. Го обожавам зетот, немам ништо против, за мене сè е топ.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Кој рече дека разликата во години е битна: Овие познати жени имаат многу помлади партнери