Веќе е позната причината за смртта на Тина Тарнер: Нејзините соработници ги открија деталите

FOTO: Instagram screenshot

Тина Тарнер починала од природна смрт, тврдат соработниците на познатата пејачка.

Некрунисаната кралица на рокенролот, познатата Тина Тарнер, почина завчера на 83-годишна возраст во својот дом во Киснах во близина на Цирих, Швајцарија.

Веста за нејзината смрт шокираше милиони фанови ширум светот.


Претставниците на Тина изјавија за Дејли Мејл дека таа починала од природна смрт, откако со години се борела со рак и страдала од висок крвен притисок повеќе од четири децении.

Да потсетиме, Тина Тарнер е родена во 1939 година како Ана Меј Булок. Кариерата ја започнала настапувајќи во 1960-тите со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер, од кого трпела физичко насилство. Тина се разведе од Ајк во 1978 година и продолжи да постигнува уште поголем успех во нејзината музичка кариера ширум светот.


Мрачната тајна на Тина Тарнер: Деталите од односот на рокенрол кралицата и нејзиниот син никој не ги знаеше со години