Весела невеста во патики: Музичарот Ris Flower и партнерката направија свадба за паметење (ФОТО)
Македонскиот артист Борис Цветановски, кој на македонската музичка сцена се претстави под псевдонимот Ris Flower, и беше дел од избраните артисти кои се натпреваруваа за да одат на Евровизија во Торино, вчера стапи во брак со својата партнерка Марија Танчева.
Двојката за својот посебен ден избра интересен стајлинг во свој стил. Имено невестата носеше кратка светкава венчаница искомбинирана со бели патики како и долг вел, додека пак младоженецот светкав костум со црнобели патики.
Весели и свои, Борис и Марија застанаа и зад микрофонот и направија прекрасна забава.
На свадбената веселба која се случи на Скопскиот аеродром Стенковец присуствуваа многу познати фаци, а за дел од музичкиот дел беа задолжени и Бени Нонстоп, како и диџејката Вера Јанковиќ...