Нордин и Нурија Рамдани со своите три деца се семејство кое се всели во првата 3Д куќа во градот Нант во Франција.
Проектот е реализиран со помош на градот и универзитетот во Нант.
Куќата има површина од 95 квадрати, а наводно две семејства преходно одбиле да се вселат.
Куќата чини нешто повеќе од 176.000 евра, а е испечатена за 54 часа. Ако се градела со конвенционални методи таа би чинела за 20 проценти поскапо.
Ваквите куќи им даваат поголема слобода на архитектите.
Оваа куќа е еколошки добра, а вакви 3Д куќи ќе има 17 во Париз.