(ВИДЕО) Како изгледа најголемиот аеродром во светот?
Во Истанбул денеска е отворен најголемиот аеродром во светот. Грандиознот комплекс „Istanbul Yeni Havalimani“ е изграден на европската страна, на 35 километри северно од градот, во округот Арнавуткој.
Изградбата почна во јуни 2014 година, а досега е завршена само првата од вкупно четирите фази. На новиот аеродром ќе биде изграден и најголемиот светски трговски комплекс без царина. Се очекува до 2030 година да можат да го користат 150 милиони патници годишно, кога е предвидено да финишира последната фаза.
Се проценува дека кога ќе биде завршен, аеродромот ќе има 225.000 вработени. Оттука ќе се лета на 350 дестинации ширум светот, во соработка со стотина авиокомпании. Изградбата чини 10,5 милијарди евра. Ќе покрива површина од 7.659 хектари и ќе има шест писти.