(ВИДЕО) Катарина Ивановска ја покажа вакцината: Јас сум вакцинирана, го вакцинирав и синот

Добивај вести на Viber

Епидемијата на мали сипаници во главниот град го вклучи алармот. Надлежните предупредуваат дека родителите може да бидат кривично гонети ако продолжат да одбиваат вакцинации за нивните деца.

Министерот за здравство Венко Филипче упати апели родителите да ги следат препораките на министерството во услови кога е прогласена епидемија. Во спротивно може да платат и казна од неколку стотина евра.

Манекенката Катарина Ивановска со видео направено за кампањата за вакцинирање, ја покажа својата вакцина и порача дека некои работи никогаш не излегуваат од мода.

- Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете- откри Ивановска.