(ВИДЕО) Луксузна вила со стил во Мадрид: Огромен двор со зеленило и базен
Фудбалерот Лука Јовиќ живее во Мадрид со манекенката Софија Милошевиќ и нивниот сладок син Алексеј во луксузна вила.
На социјалните мрежи се појави видео од тренингот на Јовиќ во дворот на вилата, а сите веднаш го забележаа огромниот базен со лежалки.
Зеленило ја опкружува куќата, за која Софија и Лука најмија дизајнери на ентериер за да ја направат совршена собата на малиот Алексеј.
- Одлучија да ангажираат архитект да направи посебен дел од куќата што ќе биде комплетно опремен за бебето. Од самиот почеток тие сакаа просторијата да биде пространа, и да може да собере бројни играчки, но и мебел што вклучува креветче, лулка, како и простор за пресоблекување на бебето, но и софа каде ќе се одмора мама - раскажа порано извор за српски „Блиц“.
Јасно е дека Лука има идеални услови за тренинг во својот двор и дека наскоро со голови ќе покаже зошто сè уште важи за еден од најталентираните напаѓачи во Европа. Она што е сигурно е дека младата мајка, како и Алексеј, секако уживаат во природата пред прекрасната вила.