(ВИДЕО) Паркиран камион за селидба пред Белата куќа: Меланија Трамп си оди?

Граѓаните се шегуваат на социјалните мрежи дека Меланија „си ја пакува облеката“ и ја напушта Белата куќа

Осамна четвртокот, а победникот на претседателските избори во САД, кои се одржаа во вторникот, сè уште не е познат. Се води сериозна трка за позицијата прв човек на државата, а граѓаните со нетрпение ги очекуваат конечните резултати.

И додека се кршат копја во клучните држави - од Аризона, преку Пенсилванија до Џорџија, граѓаните се шегуваат на социјалните мрежи дека Трамп, или барем Меланија, веќе ги спакува куферите и се подготвува да ја напушти Белата куќа.

Имено, камерите снимија камион пред влезот на резиденцијата, што многу потсетува на камион за преселба, што предизвика лавина коментари на мрежите.


- Земете го пасошот на Трамп пред да изгори од земјата - се наведува во една објава.

- Ја пакува својата уметност и се подготвува да му ја отстапи просторијата на Бајден - пишуваат корисниците на Твитер.

Други веруваат дека Меланија се иселува.

- Таа самата гласаше за Бајден, нема да го прави ова уште четири години - пишуваат други.

Засега не е познато зошто тој камион бил паркиран пред Белата куќа, но секако започна добра забава на мрежите.


Фото: Tanjug/AP/Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Моден двобој: Меланија Трамп или Кејт Мидлтон - на која дама поубаво ѝ стои костим