(ВИДЕО) ВЛАТКО ЌЕ ЖИВЕЕ НА СЕКОЈ НАШ НАСТАП: ДНК со посвета до колегата

Добивај вести на Viber

Панчо и Андреј од аренби дуото ДНК му ја посветија песната „Најбогат на свет“ на прерано починатиот колега Влатко Илиевски. На нивниот вчерашен настап во ноќниот клуб „Кадмо“ во Охрид, ДНК, со помош на придружните вокали Ана и Сара и целата публика ја отпејаа песната на Влатко. 

„ Кога можат сите да прават трибјути на пејачи од странство, мора да можеме и ние, за наши колеги. Можеби не бевме блиски другари, но се почитувавме. Влатко ќе живее и ќе биде пеен на секој наш настап. Се гледа дека публиката го сакала“, ни изјави Владимир Блажев-Панчо, кој вчера во Охрид го прослави својот роденден. Тој вели публиката топло реагирала на оваа песна и таму, и на претходниот нивен настап, во Штип. Панчо ни ја објасни и неговата симболика за „Најбогат на свет“, која за него и неговата екипа е најдрага. 


„Зошто оваа песна? Зошто е една чудна сиболика “најбогат на свет “. Материјалното е минливо, само љубовта не исполнува. Парите ништо не значат, важно е семејството,   пријателите, другарите. Без фановите, ние сме ништо. Не прави среќни кога ги пеат нашите текстови и песни“, објасни Панчо.

Влатко Илиевски ја отпеа „Најбогат на свет“ на Скопскиот фестивал во 2009 година, кога се избираше македонски претставник за Песна на Евровизија во Москва. Неговиот втор соло албум кој излезе истата година е насловен по оваа песна. Автор на музиката и на аранжманот е Владимир Дојчиновски- Дојчин, а на текстот Весна Малинова.

ДНК беа гости на концертот „Влатко и пријателите“ во МОБ во 2012 година и заедно го отпејаа евергринот „Роза сина“ .

М.Џаровска