(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 7,1 степен ја стресе Фукушима: Има повредени, милиони се без струја

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го стресе источниот брег на Јапонија, повредувајќи десетици луѓе, оставајќи без електрична енергија скоро милион домаќинства, но трите блиски нуклеарни централи работат без тешкотии.

Епицентарот е регистриран крај брегот на префектурата Фукушима на длабочина од 60 километри, соопшти јапонската метеоролошка служба. Не е издадено предупредување за цунами.

Снимател на Ројтерс со седиште во Фукушима изјави дека неговата хотелска соба на 10-ти кат се треселадолго време. Еден човек од хотелот бил хоспитализиран откако паднал и ја удрил главата на вратата.

Имадесетици повредени, но без сериозни повреди.


Нуклеарните централи работат без проблеми

Скоро 950.000 домаќинства останаа без електрична енергија, изјави владиниот портпарол Кацунобу Като, цитиран од јавниот сервис на NHK. Североисточна Јапонија, вклучително и Фукушима и соседните префектури, остана без електрична енергија.

Блиските нуклеарни централи Фукушима Даичи, Даини и Кашивазаки-Карива работат без тешкотии, изјави сопственикот на Токио електрик пауер (ТЕПКО).

Земјотресот ја погоди Фукушима само неколку недели пред 10-годишнината од разорниот земјотрес на 11 март 2011 година, кој го опустоши североистокот на Јапонија и предизвика масовно цунами што доведе до најголема светска нуклеарна криза.

Земјотресите се вообичаени во Јапонија, една од најсеизмички активните области во светот. 

Фото и Видео: Твитер