„Вие сте посебни“: Претседателот и првата дама им читаа приказни на болните дечиња од Универзитетската клиника

Добивај вести на Viber

Новгодишните и божиќните празници се време кога сите се радуваме, а најмногу најмалите. Период кога си разменуваме желби за подобро утре и кога го посакуваме најдоброто за сите.

Една прекрасна дружба во пресрет на празниците имале претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга, првата дама Елизабета Ѓоргиевска.



Многу љубов, топли прегратки, и пријатна дружба вчера имаа со дечињата, млади пациенти на Универзитетската клиника за детски болести.

Заедно со најмалите, претседателот и првата дама читаа приказни, се дружеа, посакувајќи им побрзо закрепнување и враќање дома.


Сигурни сме дека дечињата си поминале прекрасно, а под фотографиите кои ги споделија на Фејсбук од кабинетот на претседателот забележуваме како се редат само позитивни коментари.

И навистина, како што гласи едниот од нив, „Вие сте навистина посебни“.


ФОТО: Фејсбук официјален профил Стево Пендаровски


Има некои нешта во животот што немаат цена: Новогодишно со Елизабета Ѓоргиевска, Првата дама на Македонија