Викторија Лоба ужива во зимските лудории: Пејачката се качи на скии, па покажа како се скија (ВИДЕО)

Оние кои се љубители на зимата и снегот, знаат како да уживаат на зимување.

А бидејќи скијањето како спорт не е за секого, само оние најхрабрите се качија на скии и се впуштија во зимските игри и предности кои ги носи ова годишно време.

Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба секоја зима оди некаде на одмор и ужива во зимските лудории.

Така беше и овојпат кога Лоба ги зема скиите и замина да ужива во скијањето.Таа на „Инстаграм“ објави видео и покажа дека навистина е махер во скијање.



ФОТО: Инстаграм принтскрин