Вип успешна приказна со дизајнерката Росица Мршиќ: Ме инспирираат седумдесетите години
Повеќе години е присутна на домашнта модна сцена, препознатлива по уникатните и софистицирани колекции за жени кои ги креира. Модната дизајнерка Росица Мршиќ е секогаш интересен и актуелен соговорник. Во моментов е актуелна по подготовката на најновата колекција за есен– зима 2018, која е наменета за жени кои сакаат да постигнат независен визуелен идентитет.
„Жената за која ги создаваме нашите колекции е модерна, софистицирана, самоуверена, жена на која ѝ е важен и дефиниран визуелниот аспект на нејзиниот идентитет. И најновата колекција на Росица Мршиќ Студио за есен – зима 2018 е наменета за жени кои сакаат да постигнат независен визуелен идентитет. Колекцијата е нежна и романтична, силуетата е опуштена и лелеава, а инспирацијата ја побарав во уметничкиот израз на 70-тите години, и ќе биде промовирана наскоро“, ја започна својата приказна оваа шарматна дама.
Таа вели дека за неа, кариерата е низ на одлуки, активности и резултати што водат кон унапредување на сопствените можности, а крајната цел е реализација на идејата што е поставена како патоказ за она што сакаме да го постигнеме во професијата.
„Горда сум што успеав да ја реализирам мојата желба, да творам под сопствен бренд и да раскажувам многу модни стории низ годините“, вели Мршиќ.
Како и секоја модерна жена, вели дека социјалните мрежи ѝ помагаат во рекламниот дел на нејзината работа.
„Во ова дигитално време социјалните мрежи се многу повлијателни од традиционалниот маркетинг и тие нудат различни можности за привлекување на вниманието и интересот на јавноста. Тие нудат голем број предности за промоција на модните брендови и ние активно ги користиме за постигнување динамична комуникација со нашите клиенти и следбеници. Социјалните мрежи се совршен канал за модниот бизнис преку кои ние им се обраќаме на клиентите, им испраќаме информации, а веднаш може да го добиеме и нивното мислење и интерес за нашата работа. Тие нудат и проактивно однесување на публиката што придонесува потенцијалните клиенти да стигнат до нас. Најчесто ги користиме Фејсбук и Инстаграм“, открива Мршиќ која е верна на телекомуникациската компанија Вип.
„Јас сум корисник на услугите на Вип и ги користам нивните услуги. Веќе неколку години ги користам моделите на Самсунг Галакси сериите. Сакам да фотографирам и за тоа ми е потребно при рака да имам квалитетен фото апарат, па затоа секогаш избирам мобилен телефон со такви карактеристики“, додава дизајнерката.
Според неа, една од карактеристиките на социјалните мрежи е што тие го максимизираат влијанието на фотографиите и видеата.
“Ние активно ги користиме фотографиите за да се претставиме на нашата публика и секогаш инсистираме на нивен висок квалитет заради поверно доживување на нашите производи“, вели Росица која за крај е искрена дека сепак има мементи во кои сака да се одвои од телефонот.
„Мобилниот телефон го користам како неопходно средство за комуникација, за деловни и за приватни цели. Но, сакам да одвојам време од денот за одмор и да не го користам телефонот. Посебно за време на патувањата и одморите можам да замислам и по неколку дена без телефон“, вели за крај Мршиќ.
Милица Џаровска