Актуелно // Жолта минута
„Вистина е, се разведувам“: Ела Дворник за прв пат проговори за крај на љубовта со 13 години постариот партнер
Ќерката на Дино Дворник, инфлуенсерката Ела Дворник, со
години беше во брак со својот 13-годишен партнер, Англичанецот Чарлс. По
бројните шпекулации дека парот има криза во бракот и дека повеќе не се заедно,
Ела се огласи и конечно ги потврди гласините.
-Вистина е, се разведувам, изјави инфлуенсерката, пренесуваат српските медиуми.
Веста за нивниот развод се прошири откако се отпратија од социјалните мрежи. Исто така, шпекулациите за брачни проблеми започнаа пред околу една година.
Според информацииите, Чарлс го напуштил семејниот дом и заминал да работи кај својата мајка.
Да потсетиме, покрај нивните две деца, тие се и соработници. Од 2016 година имаат заедничка компанија „Манијак“ каде што собираат инфлуенсери и ги поврзуваат со брендови.
Фото:elladvornik/instagram