Влошената здравствена состојба на Тања Савиќ: „Не смеам да пеам“
Пејачката Тања Савиќ на својот Инстаграм профил објави видео во кое на своите следбеници и на публиката им објаснува дека поради здравствената состојба ќе мора да го откаже закажаниот настап во Словенија.
Рекла дека отишла на лекар откако добила висока температура и почнала да се поти.
- Драги мои, имам важна најава, можете да слушнете каков ми е гласот, затоа морам да го откажам настапот во Словенија, се радував на тој настап, знам дека и вие се радувавте, но не можам да пеам вака, не смеам да пеам, имам температура, за саат време одам на лекар на преглед. Не знам што ќе ми кажат - раскажа Тања, а потоа најави повторна средба со својата публика во првата прилика откако ќе се подобри.
- Ова видео му го испратив на сопственикот на клубот вчера околу пет часот попладне. Подоцна дознав дека мојата публика не била навреме информирана за тоа. Многу ми е жал поради тоа – рече таа.
Извор: блис.рс