ВНИМАВАЈТЕ: Стигаат СМС пораки за „вратени пратки“, но се работи за измама
Лажни информации во име на Пошта на Северна Македонија стигнуваат до граѓаните.
Оттаму известуваат дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ граѓаните добиваат пораки на телефон дека нивните пратки нема да бидат доставени.
„АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи. Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта“, велат од пошта.
Од Стопанска банка АД Скопје велат дека овие денови актуелна е измамничка кампања, под закрилата на лажна веб страница која испраќа СМС и e-mail пораки поврзани со наводна „погрешна адреса“ и „вратена пратка“ со линк кој понатаму бара да се внесат лични и финансиски податоци.
Подетално читајте на Фактор тука.