Во чест на Тоше: Стефан ќе вози велосипед од Крушево до Нова Градишка
Секоја година маратонци од Хрватска му одаваат почит на прерано починатата македонска ѕвезда Тоше Проески со маратон од Нова Градишка до Крушево.
Оваа година тоа ќе го направи Стефан Житошански кој ќе со велосипед ќе вози во обратен правец од Крушево до Нова Градишка.
Стефан предизвикот го започна вчера на 10-ти октомври, и со својот велосипед треба да пристигне на 16-ти месецот, денот кога на овој ден во 2007 година во сообраќајна несреќа почина нашиот Тоше.
„Радосна вест пред сè, за Македонија за град Крушево, за сите коишто го обожаваат Тоше Проески и до ден денес го спомнуваат и го слушаат заедно со сè што ни покажа и остави“, напиша Стефан на Фејсбук.
Тој објави фотографија од првата етапа Крушево - Куманово која успешно ја помина.
Фото: Фејсбук