Во филмот „Тома“ не се спомнува: Вака изгледа ќерката на Тома Здравковиќ од првиот брак (ФОТО)
![](/media/main/2022/01/20220103090813.jpg)
фото:youtube/printscreen
Деновиве поради филмот „Тома“, повторно се актуелизира приватниот живот на легендарниот пејач на фолк музиката, Тома Здравковиќ.
Филмот „Тома“ во моментов е едно од најпопуларните домашни остварувања. Го следиме животот на Тома Здравковиќ, со мешавина на фикција и реалност, се смееме и плачеме, но нема да останете рамнодушни кога ќе го погледнете.
Иако не се споменува во филмот, Тома Здравковиќ имаше две деца, ќерката Жаклина и синот Александар.
Тома ја доби ќерката Жаклина од бракот со Олгица, која ја запозна во хотелот „Војводина“ во Зрењанин.
Олгица и Тома се венчаа во 1963 година, а набргу потоа се разведоа. Жаклина е првото дете на Тома, а денес живее во Холандија. Таа е мајка на две момчиња, а за Србија ја врзуваат сеќавањата на нејзиниот славен татко.
И на изглед потсетува на Тома, а песните кои ѝ оставиле најсилен впечаток се, како што пренесуваат медиумите, „Тажно лето“ и „Дожд е“.
- Живеев еден период од мојот живот, краток, со него, и кога тој почина бев многу, многу тажна. Живееш со фактот дека тој е дел од тебе, дека постои во тебе, во твојот брат, во песните, во другите луѓе на кои им даваше убави чувства – рекла еднаш Жаклина.
Тома го доби својот син Александар, полубратот на Жаклина, од бракот со сопругата Гордана.
извор:GLOSSY