Во Грција поскапо од лани, гиро и изнајмување лежалка со пијалок 5 евра - ви ги откриваме цените и на намирниците

Добивај вести на Viber

Одморот на Халкидики ќе ве чини поскапо од лани. Цените на апартманите и намирниците за нијанса се поефтинии ако летувате на местата покрај Олимп. 

Скопјанката Нина Стојановиќ, која неодамна ја посети Грција ни посочи дека водата е топла и чиста. Изнајмување на лежалка со еден пијалок чини 5 евра. Просечната цена на ручек по човек е 20 до 25 евра.

-Од моето лично искуство и од анкетата што ја направив на 470 членови од ФБ групата „На одмор во Грција“, поскапувањата на апартманите се за 30 насто, на пијалоците за 4 проценти, а на продуктите во маркетите за 3 насто. Повисока е и цената на лежалките. Храната во рестораните е поскапа за 10 проценти. Цените на летувалиштата покрај Олимп се за нијанса поевтини. Сѐ зависи од тоа на кое место летувате. – вели Стојановиќ

Сите кои летуваат во Грција најчесто се сместуваат во апартмани. Тоа значи дека за храна се снаоѓаат сами или јадат во ресторани и таверни. 

На Халкидики пакетче маслинки од 125 грама чинат од 2.5 до 3.5 евра. Најповолна цена за фета сирење е 250 грама за 2 евра. Килограм домати може да се купат за 1.90 евра, кромид за 1.10 евра. Кисело млеко од 200 грама чини 3.48 евра, а цената на 200 грамско пакување кашкавал е од 4 до 6 евра. За килограм компири ќе платите 1.49 евра, а за брокула 2.58 евра. Црешите се едно од најскапите овошја – 4.80 евра. Килограм кајсии чини 2.75 евра, а праски 2.30 евра. Пиперките може да ги набавите за 2.20 евра. Ручек за двајца, со приготвена храна од маркет чини од 10 до 20 евра. 

Цените на останатите намирници погледнете ги на фотографиите и видеото кои ни ги испрати наша читателка. 







С.А.Н