ВО СЕДУМ СМЕ НА НОЗЕ СО ЉУПКА И СО ИВО: Семејно со водителот Ненад
Најголемата гордост на Ненад Ѓорѓиевски и на неговата сопруга Горана, се двеиполгодишните близнаци Љупка и Иво. Во семејната приказна за Женски магазин, познатиот ТВ водител раскажа дека сопругата и тој се будни во седум часот, без оглед дали е работен ден или е викенд.
Се трудиме секој момент да го поминеме надвор од дома, на чист воздух. Така е полесно за нас , а и поинтерсно за нив.- Љупка и Иво
„ Сега, откако пораснаа, мислам дека е некако полесно. Подобро комуницираме. Веќе знаат да кажат што сакаат. Се трудиме секој момент да го поминеме надвор од дома, на чист воздух. Така е полесно за нас , а и поинтерсно за нив“, додаде Ненад.
Тој и сопругата Горана се трудат рационално да ги поделат домашните обврски и грижата околу близнаците, со оглед дека се и партнери во работата, во заедничката продукција „Хит медиа“.
„ Со оглед на тоа дека на малите деца им е потребна рутина, а особено што со близнаци по дома тоа е неопхоно, се трудиме секојдневно да се придржуваме на истата. Во 7 часот сме сите на нозе без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и многу играње во нашиот дом. Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет“, низ насмевка вели Ненад. Водителот открива дека од секогаш им се восхитувал на родителите на близнаци и сакал да биде како нив.
Потајно сакав да бидам татко на близнаци.- Ненад со сопругата Горана и со децата
„ Од секогаш сум им се восхитувал на близнаците а во детството имав и близначки другарки. Секогаш потајно сакав да бидам татко на близнаци и иако кога ја дознавме веста дека Горана е бремена со две во првите две минути ни беше шок. Сепак, од првиот момент сме благословени родители“, ни изјави водителот на емисијата „Нешто се крчка“.
М.Џаровска