„Во училницата на моето дете ми пријдоа 19 сварени дечиња, ни учителката не беше во подобро расположение“: Сашко Коцев со јасен став за продолжената учебна година

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите македонски актери Сашко Коцев со јасен став за продолжувањето на учебната година во основното образование до 17-ти јуни

Иако во „негово“ време се знаеше кога завршува учебната година, сега основците учат до 17-ти јуни. Меѓу нив е и неговата ќерка Јоана, па еве што сподели актерот на социјалните мрежи: 

„Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати,препотени,дехидрирани,сварени дечиња...секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17.06? Зошто???????“