Водителката Милена: Да се освестиме додека сѐ уште има време

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Милена Антовска Станковска, се огласи на својот фејсбук профил. Таа видно револтирана, напиша дека не и е јасно зошто луѓето на целава новонастаната ситуација со коронавирусот ја сметаат за шала, зошто не седат дома, таа вели дека е исплашена и дека треба да се освестиме. Целиот нејзин текст ви го пренесуваме во целост:

„Очигледно на некои луѓе треба со инка да им се стави во глава дека треба да седат дома. Мечка од планина да симневме ќе разбереше. Жими се не сфаќам што им е на тие што уште гледаат на ова како на шала!!!
Е сега се обраќам токму на таа категорија луѓе ако воопшто пратат социјални медиуми...
ШТО ВИ Е? ГЛЕДАТЕ ЛИ? СЛУШАТЕ ЛИ ШТО СЕ СЛУЧУВА????? Аман луѓе приберете се не е ова сон па да се разбудиме, не е хорор филм кој ќе заврши за два саати. Камо да беше :( ПРИБЕРЕТЕ СЕ ПОД ИТНО.
И да, се плашам... не ми е срам да кажам дека се плашам, човечки е. За мене лично не, ама имам имам мало дете, мајчински е да стравуваш. Мајка ми е во таа група на луѓе што се со голем ризик доколку заболи, свекор ми исто. Снаа ми и братучетка ми се бремени и ќе се породат во време на корона... Да, за нив мислам, за нив се плашам. Се плашам и сите мои блиски луѓе кои ги сакам, за сите стари лица, сите хронично болни итн.
Ве молам да се освестиме додека се' уште има време.
Години наназад многу луѓе зборуваа и пишуваа, кажуваа дека природата кога тогаш ќе си го земе својот данок. Епа тоа време дојде, сега е тоа време кога природата која со децении наназад ја уништувавме прибира од секоја земја. Не сакам скапо да платиме!
#седидома  “, напиша Милена.