Водителката Снеже Велков шокирана: Среде центарот на Скопје налетала на змија

Познатата ТВ водителка Снеже Велков утрово ги предупреди своите следбеници на Инстаграм.

Имено, таа објави видеа на својот Инстаграм профил во кои првенствено покажа змија, која се движи на преграниот асфалт во близина на кејот, кај Минитестерството за надворешни работи.

Таа се заинтересира и за тоа каде може да ја пријави змијата, а откако ја посоветувале советувано да се јави во Центарот за Управување со кризи и во Град Скопје, таа се обидела да воспостави телефонски контакт со надлежните институции. За жал, нејзините повици останале без одговор, бидејќи на фиксните телефони што ги имаат ставено на своите веб страници овие две институции не можела да добие никој.

„Од она што ми го пишавте ѕвонев на Центар за управување со Кризи и Град Скопје... Некои фиксни броеви на кој никој не одговара. Можеби не се вистинските.“ - го започна своето обраќање Снеже.

„Во секој случај бидете претпазливи ова е покрај Кеј кај МНР. А, се надевам надлежните ќе се најдат повикани и ќе излезат на терен“ - заврши водителката.

Овој апел на Снеже може на сите да ни биде од корист, затоа бидете внителни додека се движите низ градот за време на овие сончеви денови.