Актуелно // Insta вести
Водителот Ненад Ѓорѓиевски и сопругата Горана слават годишнина: Секој ден со тебе е приказна која се остварува
- 01 Септември, 2023
Водителот кој скоро секое утро го гледаме на утринската програма на ТВ Телма, Ненад Ѓорѓиевски има повод за славење. Тој и неговата животна сопатничка Горана слават годишнина.
По тој повод тој преку видео и емотивна порака ѝ ја честиташе годишнината од бракот на сопругата: „Секој ден со тебе е приказна која се сотварува. Среќна годишнина љубов моја“
Ненад и Горана се 13 години во брак, а плод на нивната љубов се близначињата Љупка и Иво.
Фото и Видео: Инстаграм - Ненад Ѓорѓиевски