Вознемирувачко видео од моментот кога е застрелана Ешли Бабит: Страсна симпатизерка на Трамп

Вчерашните немири во Вашингтон и упадот во американскиот Конгрес ескалираа со насилство.

Особено потресно е што убиена беше една жена. 

Моментот кога бил испукан смртоносниот истрел при што е убиена симпатизерката на Трамп, Ешли Бабит е снимен од камера, а снимката се шири на социјалните мрежи. Ова видео го објави и New Yорk Post. 

Бабит беше застрелана додека приврзаниците на Трамп се обидуваа насилно да влезат во конгресната сала каде се одржуваше седницата за верификација на изборите, со што требаше да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

ВИДЕО со вознемирувачка содржина: