„За 55 години не сум видел толку пари“: Познатиот Хрват проговори за Александра Пријовиќ - „Можеме само да сонуваме“
Пејачката
Александра Пријовиќ денес важи за една од најпопуларните млади пејачки, а многу
нејзини колешки се уште зборуваат за нејзиниот неверојатен успех во последните
неколку месеци.
Меѓу нив е и познатиот хрватски музичар Златко Пејаковиќ, кој истакна дека досега не видел феномен како Александра Пријовиќ.
- Александра има многу пари зад себе. За тие пари можеме само да сонуваме, а јас со сите нив. За 55 години колку што сум на сцената, никогаш не сум видел толку пари во еден ден - изјави Златко.
Златко истакнува дека слушнал само една од песните на Прија.
-Слушнав само една песна, има добри песни во писмото, но излгеда како и се друго. Ги имаме многу што пеат исто - искрено изјави Златко.
Инаку, Александра Пријовиќ ги собори сите рекорди, така што речиси е невозможно да се наведат домашни изведувачи кои успеале да го направат тоа што таа го направила за само неколку месеци.
Турнејата на Александра „Од исток до запад“ започна во српската престолнина на 28 септември, а пејачката наполни три белградски арени на крајот на тој месец.
По Белград, Прија одржа по три концерти во Ниш и Сараево, дури пет во Загреб, а останатите два во Тузла и еден во Зеница.
Кога започна турнејата, Прија имаше околу 650.000 следбеници на Инстаграм, а сега има дури 800.000 луѓе, што е скок од неверојатни 150.000!
Фото:instagram