За неа 60, се како 30 години: Лепа Брена слави роденден, цела бивша Југославија ѝ честита
Лепа Брена денес, на 20. октомври го слави роденденот, а овој пат е јубилеен. Една од најголемите sвезди на Балканот полни шеесет години.
Лепа Брена влегува во својата седма деценија и изгледа се' подобро и подобро.
А во нејзиниот живот, покрај неверојатната кариера, најголема среќа е хармоничното семејство, кое е полно со љубов.
Токму од семејството, Брена ги доби своите први роденденски честитки.
Односно, нејзината снаа Александра Пријовиќ прва и го честиташе роденденот, споделувајќи заедничка фотографија на нејзиниот Инстаграм со порака:
- Среќен роденден, Беки!
Брена на нејзиниот Инстаграм профил споделува честитки кои пристигаат од цела бивша Југославија, па и подалеку.
Поврзани вести:-Материјалите беа прескапи, затоа носев мини здолништа: Лепа Брена за тешките почетоци на нејзината кариера
-Брена на прагот на седмата деценија покажа совршена линиja: Пејачката изгледа неверојатно
-Лепа Брена во студентските денови била дадилка: Чувала девојче кое денес е популарна пејачка