За првпат го покажа новороденото синче: Теодор и Алексеј во прегратките на мама Софи Мило

Ливерпул и Реал Мадрид вечерва се борат за фудбалскиот трофеј од Лигата на шампионите. А како што е веќе познато фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ е сопруг на манекенката Софи Мило, па по тој повод и таа објави фотка во знак на поддршка на клубот во кој игра нејзиниот сакан.

Меѓутоа, за оваа посебна и многу важна прилика, Софи се одлучи за првпат да го покаже и синчето Теодор кое го донесе на свет пред точно два месеци.

Малиот Теодор и неговиот поголем брат Алексеј, облечени во дресови на Реал Мадрид, во прегратките на мама Софи, вечерва се најголема поддршка за клубот на тато Лука.


Се породи Софи Мило: Убавата Србинка на свет донесе уште едно момче (ФОТО)