Забава место свадба: Ќерката на Наум Петрески, Анастасија разубавена во бременоста

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Анастасија Петреска, ќерка на Наум Петрески пред извесно време објави дека наскоро ќе стане мајка. Анастасија на социјалните мрежи сподели фотографија со својот свршеник Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“, со кого е во врска две години. 

Пријателите на пејачката коментираат дека таа е разубавена во бременоста. Анастасија и Влатко нема да прават класична свадба туку забава откако ќе се роди ќерката. Бебето треба да се роди во март и можно е забавата да биде двојна- и венчавка и крштевка, велат пријатели на двојката.

Наум Петрески е пресреќен што ќе стане дедо. 

„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Наум за Женски магазин.