Задолжително пробајте го: Метод кој 100% носи среќа и благосостојба
Познат психолог зборува за метод без проблеми кој ќе ви помогне да го организирате животот
„Ова е пример од лично искуство, тестирано во
пракса. Методот е едноставен, но има два неопходни услови: темелност и
упорност.
Мој стар пријател беше во многу лоша позиција. Еден
добар, чувствителен, трудољубив човек западна
во неволја, бура во животот му донесе несреќи и му го одзеде мирот. Исто така,
го загуби и здравјето а болестите почна да се редат една по друга.
Малиот бизнис се распадна, клиентите престанаа да
доаѓаат. Тој западна во големи долгови. Мораше да земе кредит, но потоа
автомобилот му се расипа, а без него работата немаше како да се одвива. По
некое време почнаа да се акумулираат и долговите за станот ... Згора на сето
тоа, дојде до поплавување во неговата бања, па мораше да ги сруши и sидовите и
плочките. Имаше хаос во куќата, во главата, во душата ...
По разговор со него започневме да користиме еден
метод за еден месец. На почетокот, ништо не се смени. А, методот е следниов: не
оставајте трошки на масата. Исчистете ги сега. Измијте ги садовите темелно, не
оставајте валкани садови ниту шолја од кафе.
Ако го местите креветот, нека биде како во армија:
да нема набори!
Исчистете ги чевлите за да заблескате. Испеглајте
ја белата кошула како вашата мајка. Облечете се убаво. Не доцнете ниту минута!
Ако немате работа и сè уште станувате секое утро
во седум, облечете се, измијте се, напијте се кафе и излезете надвор. Разговарајте со
луѓето.
Бидете смирни и љубезни, контролирајте го секој
збор. Разбудете се во исто време како и во работните денови така и во
викендите. На пример, во 6:48 часот. Поставете го алармот. И легнете во исто
време, на пример во 23.27 часот. Дури и ако не можете да заспиете, дури и ако
гледате интересен филм или ако разговарате со некого. Исклучете го телевизорот,
извинете се и повикајте го соговорникот утре.
Значи, еден месец подоцна, овој мој пријател отиде
во продавницата каде должеше пари и врати мал дел од долгот. Додека ги оставал
парите на каса, му заѕвонил телефонот и негов стар клиент го повикал и побарал
од него повторно соработка. И тогаш полека сè почна да се отплетува и средува
...
Сега сè е во ред со неговиот живот. Платени му се
долговите, бизнисот се опорави, а здравјето му е подобро.
И сето тоа започна кога тој се обиде да биде
темелен, внимателен, чувствителен на детали ... Сите ние сме составени од тие
мали нешта.
Мора да започнеме да го средуваме телото, со средување
на еден нокт!
Без оглед колку е ефикасен, овој едноставен метод
ретко се користи. Трпеливоста не е доволна. Откако ја избриша масата, го крена
креветот, почна нетрпеливо да прашува: „Кога ќе се врати среќата?“
Потребно е долго време да ги промените навиките и
внимателно да го исчистите просторот. Функционира, верувајте! Но, само неколку
ќе потврдат дека овој текст е вистина: тоа се луѓето кои имаат трпеливост и
внимание.
Овие луѓе веројатно го разбрале значењето на овој
едноставен метод. Разбирањето зошто ова е неопходно е многу важно. Но,
нетрпеливото очекување на резултатите може да уништи сè. Ова е корисен и лесен
начин кој секогаш можете да го пробате! “, пишува психологот.
Извор: stil.kurir.rs
Кога некој ќе ве понижи или навреди, одговорете вака: Совети од познат руски психолог