Заносна во црвено: Фолкерката Татјана Лазаревска наполни 48 години
Фолк пејачката Татјана Лазаревска пред два дена наполни 48 години.
По тој повод, фолкерката која од 2015 заедно со семејството живее во Мелбурн славеше роденден, а за пригодата блесна во црвен мини фустан.
Пејачката целиот изглед го заокружи со круна на главата, која и ѝ доликува.
Имено, во 2020 година, фолк-пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски со синовите Стефан и Петар, се вселија во нова куќа во Мелбурн. Тогаш беа поминати пет години откако се преселија во Австралија, и ни изјавија дека се среќни што живеат во сопствен дом.
„Претходната куќа која ја изнајмувавме беше многу блиску до оваа. Како и секаде во светот, ако работиш ќе можеш да си дозволиш некои нормални задоволства, само што овде има малку подобри можности и услови за живот“, ни изјави Татјана.
ФОТО: Инстаграм
Најубав на мама: Петар, поголемиот син на Татјана и Новица е матурант (ФОТО)
(ГАЛЕРИЈА) Татјана и Новица купија куќа во Мелбурн