Засекогаш си замина најголемата животна поддршка на Марија: Семејството Шерифовиќ тагува

Тажна вест за семејството на познатата пејачка. Имено чичкото на Марија Шерифовиќ го загуби животот на 73-годишна возраст во Крагуевац. 

Милан Шерифовиќ е роден на 15-ти октомври 1949-та година, завршил Економско училиште, а потоа студирал на Економскиот факултет.

Тој бил автор и водител на емисијата „Автограм“, најпопуларната радио емисија во цела Југославија, во која гости беа најпознатите солисти на народната музика. Колку е популарна и слушана емисијата најдобро говори податокот дека Шерифовиќ добивал од 500 до дури 1000 писма неделно од слушатели во кои предлагале гости за емисијата и кои тој самиот не можел да ги прочита, но имал соработници кои му помагале во оваа работа.


Чичкото на Марија Шерифовиќ е автор на книга за риболов, шампион на поранешна Југославија во спортски риболов, три години беше сојузен селектор за пионери и млади во риболовот. Секогаш зборуваше за Марија со најубави зборови.

View this post on Instagram

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


- Марија може да има колку сака години, таа секогаш ќе биде наше дете. Може да оди каде сака, на сите континенти на светот, корените не ѝ мрдаат, таа секогаш ќе биде тука во нејзиниот и нашиот Крагуевац - изјави во една прилика Милан Шерифовиќ.

Извор: www.story.rs